Џихадисти му се закануваат на Шон Пол

Од:

Познатиот пејач од Јамајка, Шон Пол добил заканувачка видео порака, а се претпоставува дека групата која стои зад неа се џихадисти од Малдиви кои се поврзани со припадници на ИСИС во Сирија.

Тие го предупредуваат пејачот да не оди на Малдиви, бидејќи доколку го направи спротивното целиот свет ќе го види неговото „крваво тело“.

– Шон Пол е голем неверник- стои во пораката упатена до пејачот, кој во новогодишната ноќ треба да настапи во главниот град на Малдиви, Мале.

На видео пораката е видливо логото на групата Билад Ал Схам Медиа (БАСМ), а менаџерите на познатиот пејач се уште не се огласија по повод оваа закана.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија