Џихадист од Косово убиен во Ирак

Од:

Жител на Косовска Митровица деновиве го загубил животот во судирите во ирачкиот грд Мосул, борејќи се како прпадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), објави денеска електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

– Момчето од Митровца не е единствен Косовец кој учествува во воените судири во Мосул. Има инфромации дека и други државјани на Косово се вклучени во борбите на страната на ИД. Но,за сега нема информации за нивната судбина, наведува весникот.

Како што јави дописникот на МИА, веста за смртта на џихадистот од Косовска Митровица ја потврдиле членови на неговото семејство.

Според весникот, како припадници на ИД на боиштата во Сирија и Ирак досега загинале повеќе од 50 Косовци, додека според безбедносните власти на Косово на страната на ИД се борат над 300 косовски жители.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина