Џакарта: Странски професори обвинети за злоставување деца во престижно училиште

Од:

Полицијата во Џакарта истражува четири странски професори на престижно меѓународно училиште, под обвинение за сексуално злоставување на деца, јавуваат локалните медиуми.

Во истото улилиште, хигиеничари се осомничени за силување на шестгодишно дете. Еден од нив извршил самоубиство додека бил во притвор минатиот месец.

Случајот, што беше откриен годинава, ја шокираше јавноста во земјата.

Четворица странски професори се обвинети од ученичка, која тврди дека ја злоставувале. Полицијата го истражува случајот, изјави шефор на полицијата во Џакарта Дви Пријатно.

Имиграциската служба соопшти дека ќе бидат депортирани 20 професори од меѓународно училиште, вклучително и четворицата осомничени. Сепак, полицијата бара тие да бидат задржани до крајот на истрагата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени