Две жртви откако се урна американски воен хеликоптер во Авганистан

Од:

Двајца американски војници загинаа денеска кога нивниот хеликоптер се урна во Авганистан, соопштија американската војска, без да дадат детали. Талибанците тврдат дека тие го урнале хеликоптерот.

Во краткото соопштение на американската армија се вели дека е покрената истрага, истакнувајќи дека првичните извештаи не укажуваат дека во прашање е непријателски оган.

Талибанците тврдат дека собориле хеликоптер „Чинук“ во источната провинција Логар и дека има „многу жртви“.

Авганистанското Министерство за одбрана, ги негираше наводите за вмешаност на Талибанците.

Оваа година 19 американски војници беа убиени во Авганистан, додека повеќе од 2.400 Американци загинале во речиси 18-годишната војна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски