Две ракети погодија воен аеродром во централна Украина

Од:

Два руски проектили погодија оперативен аеродром во близина на градот Кропивњицки во централна Украина, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат. Тој додаде дека биле пресретнати четири проектили кои биле насочени кон аеродромот.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека нападнало украински воен аеродром користејќи „прецизно наведувано оружје со долг дострел“, иако Кремљ не соопшти каде е извршен нападот.

Ихнат одби да ги сподели последиците од нападот, но рече дека инцидентот ја покажува потребата за зајакнување на воздушната одбрана низ Украина.

Би можело да ве интересира

„Забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички во земјите на ЕУ е нацизам“

Објавен таен документ: Ова се целите на САД во Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок во Киев

„Идиоти“, „високорангирани морони“ и „уште една будала“

Катерина Ѓуровски

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Катерина Ѓуровски

Колку чини војната во Украина – ден на бојното поле Америка го плаќа со 86 милиони долари