Две балистички ракети се испукани од Иран кон ОАЕ

Од:

Две балистички ракети беа испукани од Иран, а нападот не им наштети на Обединетите Арапски Емирати бидејќи обете ракети паднаа во вода, соопштија емиратските власти.

Едната падна надвор од територијалните води на земјата, додека другата падна во територијалните води на ОАЕ, додаде тој.

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) претходно денес објави дека системите за воздушна одбрана на земјата откриле ракетна закана, за прв пат од мај оваа година.

Министерството објави на платформата X дека сите експлозии што можеа да се слушнат се резултат на акциите на воздушната одбрана.

Се нагласува дека Министерството за одбрана на ОАЕ ја потврдува својата целосна подготвеност да одговори на секоја закана и да го заштити суверенитетот, безбедноста и стабилноста на земјата.

– Поради моменталната ситуација и можните ракетни закани, веднаш побарајте безбедност во најблискиот безбеден објект, се вели во предупредувањето издадено од Министерството за внатрешни работи на ОАЕ.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД