На 16 декември претставници на двата паралелни парламента во Либија ќе потпишат договор за состав на влада на национално единство под покровителство на ОН, со што државата би требало да излезе од политичката криза.
– Потпишувањето на политичкиот договор ќе биде на 16 декември, изјави Салах ел Махзун, претставник од парламентот во Триполи.
Информацијата беше потврдена и од парламентот во Тобрук, кој е меѓународно признат.
Според Мохамед Шуејб, претставник од тој парламент, потпишувањето ќе се одржи во Мароко.