Дванаесет лица загинаа синоќа во два самоубиствени напади во трговски центар во источен Багдад, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, соопшти полицијата, јави Танјуг.
Повеќе од 40 лица се ранети во нападите во „Накхил мол“, кој се наоѓа спроти Министерството за нафта.
Една бомба експлодирала на влезот на трговскиот центар, а друга на паркингот.