Двајцата кандидати за претседател на Индонезија ветуваат економски раст од седум отсто годишно

Од:

Двајцата кандидати за претседател на Индонезија, Јоко Видодо од Демократската коалиција и Прабово Субианто од коалицијата Гериндра голема Индонезија, во телевизискиот дуел одржан синоќа ветија дека ќе работат Индонезија да остварува најмалку седум отсто годишен пораст во економијата и дека во петгодишниот мандат сиромаштијата ќе ја направат „прикаска од минатото’’.

Во 250 милионската Индонезија, над 186 милиони гласачи на 9 јули ќе го избираат новиот претседател на државата, личност од која во таа држава зависат одлуките во сите области на домашната и меѓународната политика.

Според првите проценки на домашните, но и на бројни странски аналитичари, според кажаното и ветеното, останува благата предност што Јоко Видодо, популарниот гувернер на Џакарта, ја има во предизборните испитувања на јавното мислење.

Синоќешната дебата, втора од четирите соочувања на кандидатите за претседател на Индонезија ќе остане запомната и по тоа што по една реплика за економијата Прабово Субианто дојде до својот опонент и му ја стисна раката.

– Мојата советничка група ми сугерираше да се спротивставам на секој збор и на секоја ваша идеја. Сега изјавувам, не се согласувам со нив, беа зборовите на Прабово, кој има поддршка на дел од происламските партии, но влече и темно петно поради негото директно учество во недемократскот смирување на протестите во време на смената на долгогодишниот претседател, според многумина, диктатор Сухарто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени