Двајцата кандидати за претседател на Индонезија прогласија своја победа

Од:

Три дена по гласањето и по изброени 77 отсто од гласовите, двајцата кандидати за претседател на Индонезија се прогласуваат за победници.

Кандидатот на коалицијата предводена од Демократската партија на борбата Јоко Видодо уште вчера ја прослави победата, а победничко славје денеска најави кандидатот на коалицијата предводена од паријата Голема Индонезија, Гериндра, Прабово Субианто, чиј штаб тврди дека имаат обезбедоно над 51 посто гласови.

Изборните анализи покажуваат дека се поверодостојни резултатите што ги соопшти штабот на Видодо, но ако до конечното пребројување на гласовите, што треба да заврши на 23 јули остане тесната разлика, конечниот резултат, најверојатно, ќе го соопшти Уставниотсуд, кој ќе решава по жалбите.

Полицијата и војската во Индонезија, поради неизвесноста на исходот и реално можните судири на поддржувачите на претседателските кандидати, остануваат на степенот на висока готовност.

Да се избегнат судирите денеска побара и популарната Мегавати Сукарнопутри, ќерка на поранешниот претседател Сукарно и претседател на Индонезија од 2001 до 2005 година. Таа е претседател на Демократската партија на борбата, но ужива речиси неподелени симпатии меѓу индонезиските граѓани.

За да се спречат провокации на нереди, централната изборна комисија издаде налог телевизиите веќе да не ги објавуваат резултатите што ги соопштуваат агенциите за испитување на јавноѕо мислење. Овие агенции веднаш по парламентарните избори во април објавија резултати кои по конечното пребројување покажаа грешка од само 0,7 посто. По претседателските избори агенциите прогласија победа на Видодо од 52 спрема 48 посто во корист на Видодо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени