Двајца загинати во земјотресот на Тајван, а 33 повредени при земјотресот на Филипини

Од:

Во силниот земјотрес што денеска го погоди Тајван загинаа две лица, а најмалку 21 човек се повредени.

Земјотресот што го погоди Тајван беше интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала, а епицентарот бил во близина на градот Јенаи, централен Тајван.

Во земјотресот што синоќа го погоди јужниот дел од Филипини повредени се најмалку 33 луѓе, а 140 куќи се оштетени. Земјотресот уништил и два моста и водоводниот систем.

Земјотресот на Филипини беше со интензитет од 5,7 степени според Рихтер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Штип – Радовиш

Земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во Србија, четврти потрес во последните 11 дена

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јужна Кореја: Пријавени штети на згради

Серија земјотреси го погодија Крит за помалку од половина час