Двајца загинати во нападот во Лондон, напаѓачот убиен

Од:

Две лица се убиени во денешниот напад со нож во близина на Лондонскиот мост, по што е убиен и напаѓачот во кого пукаше полицијата, јави Би-Би-Си.

Лондонската полиција соопшти дека овој инцидент го третира како терористички напад.

Полицијата исто така соопшти дека напаѓачот кај себе имал лажна бомба.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан претходно изјави дека полицијата повеќе не трага по никого во врска со инцидентот и притоа го пофали „хероизмот од кој сопира здивот“ што го покажале граѓаните кои притрчале кон осомничениот и го разоружале.

Подоцна полицијата го уби напаѓачот.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја пофали исклучителната храброст на граѓаните кои физички интервенираа за да ги заштитат другите луѓе и се заблагодари на полицијата и итните служби за брзата реакција.

– За мене тие претставуваат најдоброто нешто што го има нашата земја и јас им се заблагодарувам во име на целата земја, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он