Две лица загинаа, a 40-ина се повредени по експлозијата во белгискиот град Антверпен, која оштети неколку згради. Полицијата во Антверпен изјави дека експлозијата не била поврзана со терористички напад и информира дека веројатно се должи на истекување гас.
Експлозијата одекнала во италијанскиот ресторан „Примавера“ во областа Парденмаркт, а од нејзината јачина се урнала зградата во која бил сместен ресторанот.
Полицијата соопшти дека повредените добиле помали повреди, а седум лица биле спасени од урнатините.
Локалните медиуми објавија дека уште три згради биле оштетени по експлозијата во италијанскиот ресторан во округот Парденмаркт, кој е особено омилен меѓу студентите.
Според информациите, урнатините се нестабилни, што дополнително ја отежнувало спасувачката операција.