Двајца загинати во експлозиите на магацин со оружје во Абхазија

Од:

Телата на две жени, кои загинале во вчерашните експлозии во магацин за оружје во Абхазија, се пронајдени изутринава во близина на објектот, јави ТАСС, повикувајќи се на абхазиското Министерство за внатрешни работи.

Пронајдени се телата на туристки од Санкт Петербург, кои биле смртно ранети од експлозијата во магацинот, покрај кој минувале враќајќи се од прошетка со коњи од околниот водопад, нагласија министерствата за внатрешни работи и за вонредни ситуации. Уште една жена, која била со нив е пронајдена и таа има скршеници на раката и е сместена во болница.

За трите исчезнати туристки беше соопштено вчера, но потрагата по нив почна, откако престана четиричасовната серија експлозии во магацин во селото Приморское, на брегот на Црното Море.

Според различни податоци во експлозиите се повредени неколку десетици лица, вклучувајќи и над 30 руски туристи. Дваесет и седум лица се сместени во болница.

– Повеќе од 50 лица, од кои 19 Руси, кои биле на одмор во Абхазија се примени во болница со контузии и повреди од шрапнели. Сите повредени се вон животна опаснот, изјави абхазискиот министер за здравство Тамаз Цахнакија.

Абхазија заедно со Јужна Осетија се отцепија од Грузија на почетокот од 90-тите години на минатиот век. Москва ги признава како независи држави по војната со Грузија во август 2008 година.

Во Абхазија и Јужна Осетија распоредени се руски војници, а за Тбилиси тоа е окупација.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов