Турски товарен брод се судри денеска со друг трговски брод и потона во близина на италијанско пристаниште во северниот дел на Јадранско Море, при што загинаа двајца членови на екипажот, а четворица се водат за исчезнати во студеното бурно море.
Италијанската крајбрежна стража претходно објави дека се спасени шест членови на екипажот, кои се пренесени на пристаништето Равена. Еден од спасените починал подоцна во болница, а во водите е пронајдено уште едно тело.
Потрагата по четворицата исчезнати е прекината во текот на ноќта.
Турскиот брод „Гакбел“ со должина од 86 метри потона, откако се судри со 97-метарскиот брод „Лејди Азиза“, што пловел под знамето на Мелиз. На „Лејди Азиза“ нема повредени, а бродот е однесен во пристаниште во рамки на истрагата.
Инцидентот се случил додека турскиот брод исполовувал од пристаништето, а „Лејди Азиза“ влегувал во пристаништето.