Две лице загинаа, а 55 се повредени во двоен напад во џамија во либискиот пристаништен град Бенгази, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на податоци од медицинските лица.
Инцидентот се случил за време на молитвата во мала џамија во градот, а експлозивните направи биле активирани од далечина преку мобилен телефон.
Пред само две недели 35 лица загинаа во двоен напад во друга џамија во истиот град.