Двајца загинати, 28 повредени во руски воздушен напад врз Добропил

Од:

Во руски воздушен напад врз градот Добропил, во регионот Донецк, загинаа две лица, а 28 се повредени, соопшти денес Националната полиција на Украина.

– Истражни и оперативни тимови, експерти за деактивирање бомби, полициски болничари, вработени во Државната служба за вонредни состојби и Службата за безбедност на Украина работат на местото на нападот, се вели во соопштението објавено на Телеграм, пренесува Укринформ.

Шефот на Главната дирекција на Националната полиција во регионот Донецк, Руслан Осипенко, изјави дека „полицијата евидентирала штета на 75 цивилни објекти: 13 станбени згради, 54 малопродажни објекти и осум возила“.

Би можело да ве интересира

Примирјето во Украина започнува денес

Медведев: Пронајдени се докази за производство на компоненти за биолошко оружје во Украина

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува