Двајца загинати во Лондон по уривање на балкон

Од:

Две лица загинаа, а други осуммина се повредени кога врз нив се урна балкон во луксузниот кварт Кадоган сквер, во центарот на Лондон.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил нешто пред пладне по локално време, а дека се верува оти двајцата загинати, како и сите повредени се градежни работници, но таа информација се уште не е потврдена.

Претставник на лондонската Брза помош изјави дека стигнале на местото на инцидентот, едно лице било починато,додека другата жртва починала веднаш по пристигнувањето во болница. Овој претставник не можеше да објасни каква е состојбата на другите повредени.

Полицијата отвори истрага за инцидентот, а засега не се знае што го предизвикало уривањето на балконот.

Целиот кварт, што се наоѓа непосредно до лондонскиот плоштад Најтсбриџ, е затворен за собраќај.

Кадоган сквер важи за најскапата адреса во Велика Британија, поради високите цени на куќите и становите, како и на наемнината. Во овој дел на британскиот главен град, обично живеат најбогатите Лондончани, или богати странци кои одлучиле да купат имот во овој кварт и таму да живеат.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он