Двајца руски војника загинаа при гранатирање во Сирија, а трет е тешко повреден

Од:

Двајца руски војника загинаа во Сирија при гранатирање, а трет е тешко повреден, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руските војници, кои биле на служба по договор во една единица на сириската армија како инструктори, биле мета на гранатирање од група екстремисти.

Во соопштението не се наведува каде и кога биле убиени војниците, но според еден руски медиум, тоа се случило на 9 април. Со тоа официјалниот број на убиените руски војници во Сирија од почетокот на интервенцијата на Русија во таа земја во септември 2015 година, достигна 29 лица.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски