Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Од:

Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициска станица во 13-тиот арондисман во Париз. Во нив пукал маж кој бил претходно бил приведен затоа што избодел жена. Уапсениот некако успеал на еден од полицјаците да му го украде пиштолот и да пука.

„Полицијата интервенираше и го донесе во полициската станица и тој потоа го одзеде пиштолот од полицаецот“, рече началникот на полицијата Лорен Нунес.

Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува Монд.

Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.

Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Осум осомничени за престрелката и убиството во Чаир

Инцидент во Германија: Tинејџер со пиштол пукал во поранешна девојка

Горан Наумовски

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност