Двајца полицајци се повредени при престрелка во Брисел за време на антитерористичка операција.
Белгиската полиција соопшти дека напаѓачот успеал да избега и оти операцијата била поврзана со минатогодшните напади во Париз.
Врз полицијата било пукано од автоматско оружје.
Во реонот на инцидентот има училиште и децата се блокирани во објектот, а во прекин е движењето на градскиот паркинг.