Двајца пакистански полицајци убиени за време на вакцинација против детска парализа

Од:

Двајца полицајци кои обезбедувале здравствени работници во северниот дел на Пакистан се убиени додека вршеле вакцинација против детска парализа.

Двајцата здравствени работници не се повредени, соопштија од полицијата.

Локалните тимови за вакцинација против детска парализа често се мета на милитанти антиваксери. Некои од нив тврдат дека вакцинацијата е западен заговор за стерилизација на муслимани или оти вакцините содржи свинска маст.

Негативното расположение насочено кон вакцинацијата е во пораст откако американската разузнавачка агенција ЦИА започна лажна операција за вакцинација со цел да го пронајде лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Пакистан и Авганистан се единствените земји каде детската парализа сè уште е ендемска болест.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна

А1он

Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025

А1он

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски