Двајца Европејци убиени на Мадакаскар

Од:

Двајца Европејци, чиј идентитет засега не е обелодент, се убиени на една плажа на Мадагаскар, од разгневена толпа локални жители кои сметале дека жртвите се шверцери на човечки органи.

Инцидентот се случил во реонот на местото Носи Бе на крајниот север на островот, откако едно исчезнато осумгодишно дете било пронајдено мртво со отсечени гениталии и јазик.

Локалната полиција соопшти дека во врска со убиството на странците е уапсено едно лице. Неговото апсење предизвика нови насилни протести пред полициската станица во Носи Бе.

Во пресметката меѓу полицијата и демонстрантите, е убиено едно лице, а гневната толпа во знак на протест запалила неколку околни згради.

Демонстрантите сакале да му се одмаздат и на уапсениот, обвинувајќи го дека тој бил платен од странците да ги извади органите на детето.

Полицијата која за инцидентите ги обвини локалните криминални и мафијашки групи, прво тврдеше дека убиените странци се Французи, но француското Министерство за надворешни работи соопшти дека само еден од жртвите е Французин, додека за другиот се претпоставува оти е Италијанец. Двајцата постојано живееле на островот.

Носи Бе е познато туристичко одмаралиште на Мадагаскар каде Владата настојува одново да ги врати туристите по повеќегодишната политичка нестабилност.

Локалните медиуми тврдат дека гневната толпа се покренала откако во еден фрижидер во зградата каде живееле Европејците, биле најдени човечки органи. Двајцата странци прво биле измачувани за да ја признаат вината, а потоа брутално убиени и нивните тела запалени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар

Шест жртви на циклонот Бацирај во Мадагаскар

Ана Ололовска