Претседателот на Киргистан, Соронбај Жеенбеков, кој допатува во Москва за да присуствува на Парадата за Денот на победата, се враќа во главниот град Бишкек, бидејќи две лица од неговата делегација се позитивни на коронавирус.
Амбасадата на Киргистан во Москва соопшти дека Жеенбеков е добро. Исто така беше наведено дека во дипломатската мисија ќе се преземат дополнителни санитарни и епидемиолошки мерки.
Oткако ќе се врати во Бишкек, Жеенбеков ќе биде во самоизолација се додека не пристигнат резултатите од тестот.
Кај двајцата членови од киргистанската делегација коронавирусот е откриен откако вчера биле тестирани по пристигнувањето во Москва.