Двајца Чеси го тужат њујоршкиот музеј „Метрополитен“ заради цената на влезниците

Од:

Двајца Чеси и еден вработен го тужат музејот на уметноста „Метрополитен“ (ММА) во Њујорк поради цената на влезниците, јави дописникот на МИА од Прага.

Според чешките медиуми, тројцата мажи се жалат дека музејот ги доведува во заблуда посетителите барајќи за влезниците 25 долари иако цената е всушност доброволна.

Музејот, кој годишно го посетуваат околу шест милиони луѓе, не плаќа кирија за просторот и со локалната власт има потпишано Договор каде се регулира дека влезот за посетителите е  слободен, или пак може да се побара доброволен придонес.

Според тужбата, заради натписот на влезот каде со големи букви е напишано влезници, а одоздола со мали букви дека за билетот се плаќа доброволно, посетителите се упатуваат кон шалтерот иако може и слободно да влезат, се тврди во тужбата.

Од тие причини тројцата мажи побаруваат од судот да нареди Музејот да ги исправи грешките и да им биде исплатена оштета.

Овој музеј, честопати нарекуван „Мет“, кој се наоѓа на источниот крај на Централ Парк поседува постојана збирка која се состои од повеќе од два милиони уметнички дела, распоредени низ деветнаесет кураторски оддели. Главната зграда, е една од најголемите уметнички галерии во светот, а втората значително помала локација се наоѓа во Горен Менхетн.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски