Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Од:

Двајца британски државјани беа пронајдени убиени во запален автомобил во Шведска во случај што полицијата сега го истражува како двојно убиство.

Телата беа пронајдени откако пожарникарите беа повикани на местото на пожарот на земјен пат во индустрискиот имот Фоси во крајбрежниот град Малме.

Се верува дека жртвите изнајмиле автомобил на аеродромот Каструп во Копенхаген пред да бидат пронајдени во блискиот шведски град преку границата.

Се претпоставува дека тие биле убиени пред да биде запален автомобилот, објавија локалните медиуми.

Идентитетот на починатиот сè уште не е соопштен, но полициските службеници велат дека „имаат идеја за тоа кои се тие“.

Телата ќе бидат форензички вештачени оваа недела, додека полицијата се обидува да го потврди идентитетот и да ги извести најблиските.

Рикард Лундквист, портпарол на печатот за јужниот полициски регион, ја потврди истрагата – но рече дека во моментов нема осомничени.

Полицијата само идентификувала дека жртвите не се Данци „бидејќи се работи за автомобил со данска регистрација“.

Шведскиот таблоид Афтонбладет објави дека жртвите се Британци.

Би можело да ве интересира

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме