Двајца бразилски падобранци загинаа вежбајќи ја кореографијата за отворање на ЛОИ во Рио

Од:

Во пресрет на Летните олимписки игри, што од 5 до 21 август, ќе се одржат во Рио де Жанеиро, во Бразил се случи голема трагедија.

Група од 28 падобранци се обидувала да ги направи петте олимписки круга во воздух, како дел од кореографијата за отворање на ЛОИ. Меѓутоа, двајца од нив, 39-годишниот Густаво Кореа Гарцез и 47-годишниот Гилхермо Бастос Падиља се судриле во воздух, по што паднале на земја. Гарцез починал по префрлањето во болница, додека заради сериозната повреда на главата Падиља починал на местото на настанот.

Бразилската полиција отвори истрага за инцидентот и ќе ја тестира опремата во која настрадале споменатите падобранци, чии делови од тела биле пронајдени на плажата Копакабана во Рио. 

Би можело да ве интересира

Објавен извештај за наместени борби на олимпискиот турнир во бокс во Рио 2016

Осуммина Бразилци осудени за планирање на напади пред ЛОИ во Рио де Жанеиро

Наум Локоски

Сестрите Вилијамс елиминирани во првото коло

Новак со солзи заминува од Рио, заплака и Дел Потро

Предраг Петровиќ