Двајца браќа од БиХ и Чеченец планирале напад на парада на гордоста во Виена

Од:

Двајцата браќа на возраст од 17 и 20 години по потекло од Босна и Херцеговина и еден Чеченец (14) се уапсени поради планирање напад на парада на гордоста во Виена, соопштија австриските власти.

Како главни планери на нападот се осомничени браќата, австриски државјани со потекло од Босна и Херцеговина, а со нив е уапсен и 14-годишен австриски државјанин со чеченско потекло, кој живее во Виена.

Тие наводно биле симпатизери на Исламската држава и немале соучесници во нивниот план.

Функционерот на австриската разузнавачка служба (ДНС), Омар Хајџави-Пиршнер изјави дека на разузнавачките кругови претходно им бил познат само 17-годишникот и одреден период го следеле, но Обвиненијата за тероризам биле отфрлени, бидејќи немало конкретна опасност.

Кај уапсените се биле пронајдени пиштоли, ножеви и друго ладно оружје. Според полицијата, осомничените го нарачале оружјето од странство.

Според официјален претставник на ДНС, младите мажи се радикализираат преку Интернет, што е исклучително честа појава во исламистичките кругови. Наводно, тие страсно следеле салафистички видео клипови. Инаку, австриските медиуми потсетуваат дека не се работи за изолиран случај и дека неодамна во Виена беа осудени неколку млади луѓе, симпатизери на Исламската држава.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови