„Републиката во движење“ на Емануел Макрон, според сите испитувања на јаното мислење, може да очекува од 440 до 470 пратеници во француското национално собрание. Но, истовремено, парадоксално е што шест од 10 испитаници сметаат дека е лошо да му се даде поголемо мнозинство на Макрон, јавува дописникот на МИА од Париз.
Според денеска објавената анкета на „Одокса“ направена за „Франсинфо“, во вториот круг од парламентарните избори во Франција, што се одржуваат во недела, на 18 јуни, се очекува да има уште поголем број апстаненти од првиот круг, 51,29 отсто. Оваа бројка е рекордна од 1959 година до денеска, а за вториот круг се најавува дека 53 отстро од гласачите планираат да не гласаат, што може да биде рекорден за Петтата република.
Истражувањето покажа дека 48 од поддржувачите на левицата нема да гласаат, 35 од симпатизерите на десницата, исто толку од поддржувачите на Републиката во движење, како и 61 отсто од поддржувачите на ФН.
Според анкетата, млади луѓе се тие кои најмногу нема да гласаат во недела. Дури 61 отсто од младите на возраст од 18-24 години и 63 отсто од тие на возраст од 25-34 години.
Во однос на професионалните категории, работниците и службениците се тие кои во најголем дел (58 отсто) нема да гласаат.
Меѓу апстинентите, 27 отсто велат дека нема да гласаат бидејќи мислат дека изборите се веќе решени и дека движењето на Емануел макрон ќе победи, а 24 отсто велат дека не се препознаваат во проектите на кандидатите.
Според ова истражување, шест од 10 испитаници веруваат дека големото мнозинство ветено на Републиката во движење (партијата на Макрон) ќе биде лоша работа.
Така, седум од 10 испитани Французите велат дека немаат ништо против изборот на пратеници со пропорционална застапеност.