Државјаните на ЕУ сакаат личен документ како доказ за легалниот престој на Островот

Од:

Британската Влада е под притисок на државјаните на ЕУ да им издава личен документ што ќе докажува дека тие имаат право да останат во земјата по Брегзит, пишува „Гардијан”.

Истражувањето на јавното мнение покажало дека 90 отсто од граѓаните на ЕУ во Обединетото Кралство повеќе сакаат лична карта или документ пред дигиталните податоци што сега ги имаат за во иднина да ги покажат своите права пред работодавачите, банките или станодавци.

Стравувањата од дискриминација, загубата на идентитет и продолжениот недостиг од доверба кон британската Влада да ги гарантира нивните долгорочни права, се појавуваат како сериозни стравувања во истражувањето – што претставува најголемо истражување во кое се опфатени државјаните на ЕУ, Европската економска зона и швајцарските државјани на Островот до овој момент.

Истражувањето е спроведено од Универзитетот „Северна Умбрија“ и активистите од „the3million“.

Пред неколку дена координаторот на Работната група за Брегзит во Европскиот парламент, Ги Верхофстат, ги уверуваше граѓаните на ЕУ дека нема да бидат автоматски депортирани доколку не поднесат документи за постојан престој.

Денеска објавеното истражување покажува дека 90 отсто од анкетираните не се задоволни затоа што немаат личен документ за да го демонстрираат своето право на престој во земјата, откако им бил осигурен постојан статус или претходен постојан статус.

Околу 11 отсто од анкетираните кажале дека веќе побарале доказ за постојан престој и покрај тоа што законот тоа не го бара. Приватните наемодавци предупредуваат дека наемателите можат да се исправат пред дискриминација заради немањето личен документ.

Многу од анкетираните, меѓутоа, зборуваат за позитивните искуства од примената на статусот за постојан престој. Мнозинството сметаат дека процесот оди во добра насока или 97,1 отсто од 3171 анкетирани кажале дека го добиле очекуваниот постојан престој.

Би можело да ве интересира

Британија ќе чека да поминат изборите во САД, па ќе одлучи за екстрадицијата на Асанж

А1он

Лондонскиот градоначалник бара да се забрани одење по гости во време на пандемија

А1он

Прогласен карантин во најголемите градови во Велс

А1он

Истражување: Над 80 проценти од Британците не ја почитуваат самоизолацијата

Ана Ололовска

Рекорден број заразени со Ковид-19 во еден ден во Велика Британија

А1он

Џонсон ги објави новите рестриктивни мерки во Британија

А1он