Држави без војски

Од:

– Папата! Колку дивизии има тој?, се зборува дека прашал Јозеф Сталин во однос на физичката сила на Католичката црква. Ватикан е една од ретките држави во светот без вооружени сили. Но не е и осамена. Повеќе од 20 други држави немаат редовни армии, иако листата варира зависно од тоа како ги проценувате армиите и државите (и станува уште подолга ако ги вклучите автономните територии, како Порторико и Кајманските острови).

Книгата за фактите во светот на ЦИА, набројува 22 независни држави кои немаат редовни армиски сили – 23 ако сакате попрецизно, наспроти ЦИА, ако не ја броиме церемонијалната Швајцарска гарда во Ватикан како армија. Еве ја листата:

1. Андора
2. Костарика
3. Доминика
4. Гренада
5. Хаити
6. Исланд
7. Кирибати
8. Лихтенштајн
9. Маршалски острови
10. Маурициус
11. Микронезија
12. Монако
13. Науру
14. Палау
15. Панама
16. Санта Лусија
17. Сент Винсент и Гренадини
18. Самоа
19. Сан Марино
20. Соломонски острови
21. Тувалу
22. Вануату
23. Ватикан

Не сосема случајно, меѓу овие држави има седум најмали држави по терторија на светот – листа на која, дури и со вброената Света столица, има мали островски нации како Тувалу или Науру, како и Сан Марино, уште една копнен град-држава на италијанскиот полуостров.

„Традиционално овие држави никогаш и не биле нападнати“, објаснува Питер Стирнс, професор на Џорџ Мејсон кој бил уредник на изданието „Демилитаризацијата во современиот свет“ од 2013 година. Некои поранешни американски администрирани територии, како што се Маршалските отрови и Палау, едноставно никогаш не основале свои војски откако се стекнале со независност, и оставиле САД да се грижат за нивната безбедност.

Но постои и друга група на држави на листата – оние кои имале свои армии и потоа се откажале од нив. Четири од нив се во Латинска Америка и на Карибите, кои, како што ми рече Стирнс, „не се вообичаен регион склон на војни“, во смисла на држави кои вршат инвазии едни врз други (иако регионот има долга историја на граѓански војни и воени диктатури). Иднивидуалните демилитаризирани приказни се разликуваат. на пример, Костарика се откажала од својата војска во 1948 година, по иницијатива на тогашниот претседател Хозе Фигуерес Ферер, кој, како што истакнуваат од Советот за хемисферски работи, самиот дошол на власт „со помош на вооружен бунт“ и можеби затоа и ја укинал армијата, „со цел да се избегне иден потенцијален воен пуч против него“. Во меѓувреме, армиите на Гранада и Панама биле укинати по инвазијата од страна на САД во 1983 и 1989 година.

Настрана дивизиите на папата, постојат исто многу дебати околу тоа што е всушност армија. На пример, Костарика е во опасно соседство долж рутата за шверцување наркотици, и исто има дамнешен граничен спор со северниот сосед Никарагва. Новинарот Роберт Бекхусен смета дека Единицата за специјални интервенции на Костарика, составена од 70 членови и е тим на командоси и која, според него „е обучена да пресретнува нарко-шверцери, покрај задачата да спасуваат заложници, и да делува како високообучена противтерористичка единица“ е всушност „воена сила според се, освен според името“. По распоредувањето на седум илјади американски војници во земјата во 2010 за да помогнат во напорите против шверцот со дроги, боливискиот претседател Ево Моралес рече дека Костарика сепак има армија: армијата на САД.

– Постојат совршени мерки да немате армија, вели Стирнс. Виртуелно сите држави на листата на ЦИА наведени како држави кои немаат формални армии, имаат некој вид на безбедносни служби, а варира степенот до кој се фокусирани само на внатршени закани. На пример, Исланд е членка на НАТО и учествува во меѓународните миротворни мисии со она што ЦИА го нарекува „граѓанска Единица за одговор на кризи“. Сепак, како што забележува Стирнс, „според мене, ако сте посветени да избегнете насилство надвор, тогаш преземате чекор од интерес“

Тоа е исто така потенцијално евтин чекор. Според ЦИА, трошоците за армиите вшмукале 2,42 проценти од глобалниот БДП – или околу 2 трилиони долари – во 2012 година. Ако не морате да плаќате за армија, тогаш зошто и би ви требала?

Атлантик – Вашингтон

 

Би можело да ве интересира

Враќање на задолжителниот воен рок во Србија – Ми дадоа убедлив аргумент за тоа, вели Вучиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

Шведскиот премиер бара помош од армијата поради зголемените уличните пресметки на бандите

Горан Наумовски

Сисли: Швајцарската војска сака да потроши 50 милијарди франци до 2030 година

Објавена листа на најсилни армии во светот: Македонија на 108 место

САД и Северна Македонија склучија 10 годишен патоказ за соработка во одбраната