Дрон за време на рускиот напад врз Украина слетал на територијата на Полска

Од:

Објект денеска влегол во полскиот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина и најверојатно слетал на територијата на Полска, јави полската државна новинска агенција ПАП, повикувајќи се на оперативната команда на полската армија.

Агенцијата наведува дека во моментов се трага по објект кој, како што се посочува, не е проектил.

„За време на масовниот напад во понеделникот на украинска територија, објект најверојатно слетал на територијата на Полска“, изјави оперативниот командант на полските вооружени сили, генерал Мачеј Клис. Според него, објектот бил откриен од најмалку три радарски станици.

Полска, членка на НАТО, се граничи со Украина и го поддржува Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, според Ројтерс.

Објектот кој навлезе во воздушниот простор на Полска рано денеска при рускиот напад на Украина најверојатно бил дрон, изјави портпаролот на полската армија Јацек Горишевски.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ