Драстично зголемување на бројот на муслимански деца во Велика Британија

Од:

Бројот на муслимански деца до пет годишна возарст во Велика Британија за десет години е зголемен за повеќе од 80 отсто, покажуваат податоците од едно сеопфатно истражување направено во Англија и во Велс за потребите на британскиот Парламент.

Според истражувањето, едно од 12 деца се регистрирани како муслимани, а бројот на оние кои се изјасниле дека се следбеници на исламот сега изнесува 1,1 милиони луѓе. Сепак, три четвртини од британските муслимани се идентификуваат себе си како Британци.

Анализата на овие сознанија укажува дека муслиманската заедница во земјата веќе на претстојните парламентарни избори во мај оваа година може да има значајна улога за конечните резултати.

Претстојните избори се означуваат како „најнеизвесни по низа децении“, поради големото шаренило во гласачкото тело посебно во „маргиналните изборни единици“, што би можело да биде одлучувачко за крајниот исход и за тоа која партија ќе добие мнозинство.

Посебното истражување што го направил Муслиманскиот совет на Велика Британија, предвидува натамошно зголемување на муслиманската заедница во годините што доаѓаат. Тоа според проценките на експертите ќе предизвикаат засилена трансформација на британското општество, како во социјалната сфера, така и во надворешната политика на земјата.

Растот на муслимаанската популација веќе не е толку резултат на имиграцијата, која изминатата деценија не беше мала, туку на брзиот раст на младата популација.

Во годините кога британската популација општо забрзано старее, кај британските муслимани има сосема обратен процес, па сега 50 отсто од луѓето во оваа заедница се под 25 години, а 30 проценти до 15 години.

Пописот на населението од 2011 година покажа дека во земјата има 2,7 милиони муслимани, од кои безмалку сите се во Англија и Велс, затоа што во Шкотска и Северна Ирска како муслимани се регистрирале само 80 илјади луѓе.

Десет години пред тоа, на пописот во Велика Британија во 2001 година, се регистрирани 1,6 милиони муслимани, што значи дека за една деценија нивниот број се зголемил за 75 отсто. Кај децата до пет години тој раст изнесува над 80 отсто.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он