Драма во Неапол: Разбојници држеа заложници, па избегаа низ канализацијата

Од:

Вооружени разбојници зедоа 25 лица како заложници во филијала на банката „Кредит Агрикол“ во Неапол, а потоа избегаа низ тунел што води до канализацискиот систем, објавија италијанските медиуми.

Инцидентот се случил околу 11:30 часот, кога тројца напаѓачи упаднаa во банката во градскиот кварт Аренела, на Пјаца Медаљ д’Оро, и ги заклучиja вработените и клиентите внатре. Заложниците бeaе држени околу два часа, по што полицијата, со помош на службите за итни случаи, успеа да ги ослободи.

Префектот на Неапол, Микеле Ди Бари, изјавил дека сите заложници биле ослободени кратко по 13:30 часот, без сериозни повреди.

Пожарникарите скршиле прозорци за да овозможат евакуација, но напаѓачите веќе избегаa. Според медиумските извештаи, тие се симнале низ дупка на подот на банката и исчезнале во канализацискиот систем.

Потоа полицијата започнала обемна потрага по канализацискиот систем, но досега нема апсења. Во исто време, градските служби започнале со проверка на подземната инфраструктура за да утврдат можна рута за бегство.

Сè уште не е познато дали крадците успеале да ги земат парите. Според некои извори, целта биле приватни сефови, додека во филијалата немало значителна количина готовина. Некои медиуми објавуваат дека голем број сефови биле провалени, но дека вкупната украдена сума сè уште не е утврдена.

Обвинителот Никола Гратери излегол на местото на настанот и започна истрага.

Еден од заложниците, клиент на банката, рекол дека напаѓачите биле вооружени, но не употребиле сила. Според него, најмалку тројца мажи влегле во зградата, а потоа ги заклучиле сите присутни.

Локалните медиуми објавуваат дека напаѓачите носеле маски со лицата на познати актери.

Ова не е прв сличен случај во Италија – во 2020 година, филијала на истата банка во Милано била цел на грабеж во кој крадците го користеле и канализацискиот систем за да влезат и да избегаат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ