А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Драма во Бразил: Пукање во училиште, има мртви и ранети

by А1он06/05/2026 - 16:2306/05/2026 - 16:50263
Share0

Две лица се убиени, а уште две се ранети откако малолетник отвори оган во училиште во северозападен Бразил, соопштија денес локалните власти.

Следете a1on на Instagram Instagram

Нападот се случил во градот Рио Бранко, каде што полицијата привела 13-годишен ученик осомничен за пукањето.

Според властите, меѓу повредените е и 11-годишно девојче, кое претрпело прострелна рана во ногата и е однесено во болница, објави порталот „Диарио Либре“.

Претставник на воената полиција на државата Акра изјави дека напаѓачот испукал неколку куршуми во училишниот ходник, во областа што води кон администрацијата, и дека по нападот решил самиот да се предаде.

Следете a1on на Youtube YouTube

Полицијата го привела и очувот на осомничениот, сопственикот на пиштолот калибар .380 што се користел во нападот, додека идентификувани се и други ученици за кои се сомнева дека однапред знаеле за планираниот напад и дека евентуално учествувале во неговата подготовка.

Очевидци велат дека учениците се обиделе да избегаат од зградата во паника. Еден од нив успеал да скокне преку висок ѕид и да се засолни во блиската зграда, додека другите останале на покривот на училиштето обидувајќи се да избегаат.

Властите започнале истрага за да ги утврдат мотивите за нападот и сите околности околу инцидентот.

brazilpukanje

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Горан Наумовски12/10/2026 - 14:32

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Горан Наумовски12/10/2026 - 14:11

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он10/10/2026 - 10:00

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 15:2804/10/2026 - 15:28

ВИДЕО: Уапсен сериски убиец во Бразил, тврди дека има 80 жртви

Катерина Ѓуровски18/09/2026 - 08:35

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски08/09/2026 - 13:4208/09/2026 - 13:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео