Драма на небото: Авионот влетал во силни турбуленции, неколкумина повредени

Од:

Службите за итни случаи се упатија кон аеродромот во Даблин, откако најмалку 12 патници и членови на екипажот се повредени за време на турбуленции на летот на Катар ервејс.

Според извештаите, авионот летал од Доха за Даблин, кога почувствувале многу силни турбуленции над Турција. Шест патници и шест членови на екипажот се повредени.

Аеродромот во Даблин соопшти дека авионот безбедно слетал околу 13 часот по локално време.

„При слетувањето, на авионот присуствуваа служби за итни случаи, вклучително и аеродромска полиција и нашата сопствена противпожарна и спасувачка служба, бидејќи шест патници и шест членови на екипажот пријавиле повреди откако авионот доживеал турбуленции додека летал над Турција. Тимот на аеродромот продолжува да дава целосна помош на теренот до патниците и персоналот на авиокомпанијата“, се наведува во соопштението.

Претходно оваа недела, во одделен инцидент, еден Британец загина на лет на Сингапур Ерлајнс откако доживеа екстремни турбуленции на пат од Лондон до Сингапур.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски