(ВИДЕО) Драма кај Мармарис: Потона туристички брод со 148 патници, луѓето скокаа во морето

Од:

Бродот наречен “Big Boss Diamond”, едрилица со „пиратска“ тематика која е исклучително популарна кај туристите, беше на еднодневно крстарење во близина на островот Парадајс и заливот Аквариум кога се случи сериозниот инцидент. Застрашувачкиот момент се одвиваше во близина на Мармарис, во југозападна Турција, кога туристички брод со 148 патници одеднаш почна да се полни со вода и потона за помалку од еден час.

Според првичните извештаи, десетици патници почнаа да скокаат во морето во паника за да се спасат, а меѓу оние на бродот имаше околу дваесет деца. Видеата што се појавија на социјалните мрежи ги доловиле драматичните моменти во кои може да се види како бродот опасно се навалува пред целосно да исчезне под површината на водата.

Веднаш беше започната голема спасувачка операција, во која учествуваа спасувачки екипи и приватни бродови што се нашле во близина. Турските власти соопштија дека сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани и донесени на брегот, и дека, за среќа, немало жртви или сериозно повредени.

Во официјалното соопштение од губернијата Мугла се вели дека „екипите што пристигнале на местото на настанот ја координирале евакуацијата на граѓаните со помош на блиските бродови“, истакнувајќи дека кај спасените туристи не се откриени здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира

Истрага за финансиски скандал во Турција: Уапсена e поранешна министерка

Масакр во Турција: Осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

Русија изврши напад врз енергетски објекти и товарен брод во близина на Одеса

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите