ДПА: Фредерика Могерини, Тереза Меј, Марк Руте, Клаус Јоханис меѓу кандидатите за иден шеф на НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по завршувањето на мандатот во септември заминува на функцијата претседател на норвешката Централна банка, па Алијансата сега има задача да утврди негов наследник.

Според германската агенција ДПА, главни кандидати за оваа функција се поранешната британска премиерка Тереза Меј, холандскиот премиер Марк Руте, романскиот претседател Клаус Јоханис, естонската премиерка Каја Калас и поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот сегашен мандат истекува во септември. Тој претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

Рубио: САД бараат пет проценти одбранбени трошоци од сите членки на НАТО