Дожд во Ријад предизвика поплави и метеж во сообраќајот

Од:

Во саудиската престолнина Ријад, чии улици се поплавени поради невообичаената и силна бура, денеска дојде до метеж во сообраќајот, при што се затворени училиштата, јавуваат локалните медиуми.

Бурата, која започна синоќа, се намали до утринава, но некои улици се уште се целосно поплавени.

– Во Ријад стапи во сила планот за вонредни ситуации, со цел да се ослободиме од последиците од поплавите, изјави потпаролот на градската управа Мохамед ал Швајман.

Властите побараа од граѓаните да не со собираат на поплавените места за да се сликаат или да прават видео снимки, бидејќи на тој начин си ги доведуваат животите во опасност.

Во центарот на градот се направиле километарски колони на возила, а многу автомобиле се расипале оти се движеле за време на поплавата.

Ријд, град кој се наоѓа на средина на пустина, со околу 5,7 милиони жители, е познат по високите температури и многу реткиот дожд.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови