Дополнителни 113 милиони евра хуманитарна помош од ЕУ за Авганистанците

Од:

Европската Комисија се заложи да даде нови 113 милиони евра хуманитарна помош за Авганистанците, вклучително и раселените лица.

Заложбата во име на Европската Комисија ја даде комесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич за време на Конференцијата за Авганистан.

Средствата се наменети за медицинска нега, исхрана, образование, засолниште и заштита на цивилите.

Од овие 113 милиони евра 18 милиони одат за Пакистан и Иран кои примаат бегалци од Авганистан.

– Авганистан продолжува да се соочува со една од најстрашните хуманитарни кризи во светот. По студената зимска сезона, милиони жени, мажи и деца се борат со акутен глад. Сакам да им се заблагодарам на владите на Германија, Катар и Обединетото Кралство, како и на Обединетите Нации за здружување на силите да се организира оваа конференција навремено. ЕУ е целосно солидарна и ќе продолжи да ги поддржува ранливите авганистански бегалци и заедници кои ги примаат во Иран и Пакистан, изјави Ленарчич.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел