Поранешниот претседател на индонезискиот Парламент, Сетја Нованто е обвинет за учество во корупциски скандал вреден 170 милиони долари, објави денеска Специјалниот индонезиски суд за борба против корупцијата.
Судскиот процес доцнеше неколку часа, бидејќи Нованто тврдел дека е болен. Тој беше уапсен минатиот месец поради корупцискиот скандал, поврзан со проект за воведување на електронски лични карти.
По долги натегања од затворот тој поднесе оставка на функцијата претседател на Парламентот, но и понатаму ги отфрла обвиненијата.