Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека забраната за абортус по 15-та недела од бременоста му изгледа разумна.

Трамп додаде дека ќе поддржи исклучоци од таа забрана, како жртви на силување, случаи на инцест и ако животот на мајката е загрозен, пренесува Ројтерс.

„Бројот на недели сега, луѓето се согласуваат е 15. И јас размислував на таа линија. И тоа ќе биде нешто што е многу разумно… Дури и тврдокорните се согласуваат, изгледа, 15 недели е бројката околу тоа кој луѓето се согласуваат“, рече Трамп во интервју за радио станицата WABC.

Би можело да ве интересира

Масовни протести на Американците против Трамп

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски