Доналд Трамп го нарече „генијален“ потегот на Путин за Украина

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги оцени како „генијални“ постапките на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина и го нарече рускиот лидер „многу разумен“, објавија американските медиуми.

Некои републиканци во САД се обидоа да го обвинат претседателот Бајден за кризата, велејќи дека Русија не извршила инвазија никаде за време на претседателствувањето на Трамп. Самиот Трамп, исто така, твитна претходно, велејќи дека неговиот однос со Путин би ја спречил кризата, пишуваа медиумите.

Неколку часа по неговата изјава, поранешниот претседател на САД истакнал на радио емисија дека откако дознал оти Путин ја признал независноста на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина, си рекол: „Ова е генијално“.

– Си реков: „колку е тоа паметно“, истакнал Трамп.

Подоцна, запрашана да ја коментира изјавата на Трамп, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека тие се обидуваат да не прифатат совет „од некој, што го фали претседателот Путин и неговата воена стратегија“.

Според неа, од републиканците зависи дополнително да не го политизираат ова прашање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Трамп не се откажува: Сака да копа во Русија и Украина

Закана до Трамп: Да се ​​откажете

Трамп сака да ги промени условите на договорот за минерали со Украина

Лами: Путин не треба да има право на вето за присуството на европските мировни сили во Украина

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование