Доналд Трамп: Да имаа оружје ќе се бранеа

Од:

Познатиот американски бизнисмен Доналд Трамп на „Твитер“ го изнесе својот став за масакрот во франсцускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, во кој загинаа 12 лица и ги обвини строгите закони за контрола на оружје во државата, што предизвика лавина од критики.

-Доколку имаа пиштоли, луѓето кои брутало се убиени во Париз, ќе имаа можност за борба-напиша тој и додаде дека таму каде што оружјето со закон е забрането, го поседуваат само криминалци.

Набргу неговата објава беше преплавена со бројни коментари, а во повеќето од нив се наведува дека Трамп е „морон“.

Меѓутоа некои Американци сметаат дека тој поради своите ставови треба да биде изберен за нов претседател на САД.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“