Долниот дом на Бундестагот поддржи испорака на оружје за Украина

Од:

Долниот дом на Бундестагот денеска со мнозинство гласови ја поддржа петицијата за помош на Украина, што подразбира испорака на оружје, вклучувајќи и тешко вооружување за одбрана од руските напади, објавија западни медиуми.

– Покрај сеопфатната економска изолација и исклучувањето на Русија од меѓународните пазари, најважно и најефикасно средство за запирање на руската инвазија е интензивирање и забрзување на испораките на ефикасно оружје и сложени системи, вклучувајќи и тешко оружје, се наведува во документ на германските пратеници.

Петицијата, поддржана од три партии во владејачката коалиција и опозициските конзервативци, усвоена е со 586 гласови „за“, 100 „против“ и седум воздржани, истакна потпретседателот на Бундестагот, Волфганг Кубицки.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков