Доколку сега би се одржал референдумот за Брегзит, Британците би гласале за останување

Од:

Кога денеска би се одржувал референдум за излегување на Велика Британија од Европската унија, 52 отсто од Британците би се определиле за останување во Унијата, покажуваат резултатите од најновата анкета спроведена вчера од „Индепендент“ и Институтот БМГ Рисрч.

„Резултатите од истражувањето покажуваат дека мнозинството Британци сега сметаат дека земјата би требало да остане во ЕУ, откако повеќенеделниот застој во преговорите со Брисел и поделбите во британската Влада ја изнесоа на виделина сета комплексност на излегувањето“, пишува „Индепендент“.

Најновото истражување спроведено меѓу 1.400 испитаници со право на глас, покажува дека 52 отсто од анкетираните поддржуваат останување на земјата во ЕУ, додека 48 проценти се за Брегзит. Пред два месеци, во слично истражување, соодносот беше 50 наспроти 50 отсто на оние кои се за Брегзит и оние кои се против него.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он