Дојава за бомби во Северната железничка станица и во зградата на обвинителството во Брисел

Од:

Северната железничка станица и блиската зграда на обвинителството во Брисел попладнево се евакуирани заради дојава за бомби, а упатено е и предупредување за бомба на железничката станица Брисел-Миди, јавуваат белгиските медиуми.

Зградите на Северната железничка станица и на обвинителството се евакуирани по анонимниот повик во кој беше посочено дека во нив има поставено бомба, пренесе весникот „Либр Белжик“.

На двете локации во моментов се присутни голем број полицајци и војници, јавува агенцијата Белга.

Весникот „Дерниер ер“ наведува дека во зградата на обвинителството е спроведена истрага, но дека бомба не е најдена.

На Северната железничка станица сообраќајот е во прекин  и тоа на барање на полицијата, а 20-тина агенти влегоа во станицата за да ја почнат истрагата. Возовите првично можеа да минуваат низ станицата без запирање, но потоа минувањето во целост беше прекинато, информира Инфрабел, компанијата што ја оддржува инфраструктурата на белгиската железничка мрежа.

„Дерниер ер“ наведува дека дојава за бомба пристигнала за уште една бриселска железничка станица – Брисел-Миди.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски