Договорениот прекин на огнот во Појасот Газа не се почитува, Палестинците истрелаа ракети кон Израел

Од:

И покрај договорот меѓу Израел и палестинските милитанти Исламски џихад за прекин на огнот, во саботата имаше размена на оган околу Појасот Газа. Сите непријателства меѓу двете страни требаше да завршат во 22 часот (19:00 часот по Гринич) во сабота. Двете страни го прифатија предлогот на египетските претставници, кои често дејствуваат како посредници меѓу двете страни.

Лидерот на Исламскиот џихад потврди за египетската телевизија дека има договор, но таква потврда не стигна од израелска страна. И покрај тоа, ракетните напади на палестинските милитанти на израелските територии продолжија и по официјалниот почеток на прекинот на огнот. Набргу по првото објавување на договорот, палестинските милитанти истрелаа бројни ракети врз Израел.

Предупредувачки сирени и експлозии се слушнаа и во пошироката област на Тел Авив. Тројца Израелци се повредени на пат кон засолништето. Како одговор, израелските воздухопловни сили повторно нападнаа цели во крајбрежната зона. Израел од вторникот спроведува голема воена офанзива против Исламскиот џихад во Појасот Газа.

Израелската војска тврди дека досега биле нападнати над 370 палестински позиции и дека се убиени шестмина високи членови на џихадот. САД и ЕУ го класифицираат Исламскиот џихад, кој има блиски врски со Иран, како терористичка организација. Таа истрела повеќе од 1.200 ракети и минофрлачки гранати кон Израел во изминатите неколку дена, од кои 970 ја преминаа границата, соопшти израелската војска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел