Брачната двојка Колин и Крис Виер од околината на Глазгов, кои во 2011 година на северопската лотарија „Евромилиони“ ја добија главната премија од 161,65 милиони фунти, донирале три милиони фунти за кампањата за независност на Шкотска, објави весникот „Сандеј Тајмс“.
Со ова, според весникот, поранешниот телевиски техничар Колин и некогашната медицинска сестра Крис стануваат најголеми политички донатори во кампањата за референдумот на 18 септември на кој жителите на Шкотска треба да се изјаснат дали се за независност на оваа сегашна британска покраина од Обединетото Кралство.
Анкетите на јавноот мислење покажуваат дека во моментов мнозинството Шкотланѓани се против „независна Шкотска“.