Доби затворска казна поради контакт со Ал Каеда

Од:

Дваесет и петгодишниот Син Вин Нго Нгујен од САД, е осуден на 13 години затвор, поради тоа што преку „Фејсбук“ и други социјални мрежи бил во контакт со Ал Каеда и и давал поддршка на терористичката организација.

-Јас едноставно не разбирам како можеме да ја рехабилитираме неговата посветеност, да загине за своите уверувања – рече судијата Џон Валтер од Окружниот суд во Лос Анѓелес, разгледувајќи каква закана би можел да биде осуденикот по издржување на затворската казна.

Одбраната на Нгујен навела дека тој боледува од некој вид шизофренија, дека е под терапија и дека не верува дека тој би можел да даде поддршка на терористичката организација.

Осуденикот од август до октомври 2013 година неколку пати се сретнал со лице, за кое мислел дека е припадник на Ал Каеда, но тоа всушност бил агент од ФБИ. Нгујен на агентот му рекол дека е роден за џихад и дека сака да замине во Пакистан и да обучи 30 борци на Ал Каеда,

Во тек на приведувањето тој кај себе имал патна исправа на име Хасан Абу Омар Ганум и изјавил дека шест месеци се борел на страна на опозицијата во Сирија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски